Вести Свет Топ вести

(Вознемирувачко видео) Застрелан откако се обиде да го удри – сурова ликвидација на бензинска во Солун

Грчката полиција е во интензивна потрага за лоцирање и апсење на напаѓач кој вчера попладне смртно застрела 50-годишен маж од албанско потекло на бензинска пумпа во областа Аналипси, во источен Солун.

Крвавиот инцидент се случи на пладне, околу 12:35 часот, пред очи на многубројни минувачи. Според очевидци, сторителот на делото и жртвата наводно се познавале и кратко време пукањето седеле во ресторан во околината на бензинската пумпа.

Како што може да се види на видео снимката, 50-годишен маж е во вербална расправија со возач на автомобил, кој е паркиран на бензинската. Во еден момент се обидува да го удри низ прозорец на совозачкото седиште, по што од автомобилот беше пукано од огнено оружје.

Жртвата е погодена со најмалку три куршуми во пределот на градите, а нешто подоцна им подлегнала на повредите. Сè уште не се познати причините за убиството додека полицијата интензивно трага за идентификација на сторителот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел му се закани на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи

Дејан Дејан

Трамп со порака до режимот во Техеран: БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!

Дејан Дејан

Организацијата Трамп ќе произведува златни телефони – експертите скептични

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе