Вести Свет Топ вести

Зеленски: Украина е де факто веќе во Алијансата – Москва ја повтори заканата дека цврсто ќе реагира ако НАТО ја прими Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги соопшти очекувањата на неговата земја во пресрет на клучниот самит на НАТО во Вилнус. Според него Украина „де факто веќе е во алијансата.

Војната на Русија во Украина ќе биде на врвот на агендата на членките на НАТО.Тие се очекува да се фокусираат на обезбедување поддршка за Украина сè додека трае конфликтот, како да ја доближат земјата уште поблиску до Алијансата и да се разгледаат безбедносни гаранции за Киев за да се осигура дека Русија нема повторно да изврши инвазија по завршувањето на војната.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на прес-конференција изјави дека евентуалното членство на Украина во НАТО ќе има „многу, негативни последици“ за европската безбедност и ќе бара „разбирлива реакција“ од Русија.

  • Го знаете целосно јасниот и конзистентен став на Руската Федерација дека членството на Украина во НАТО ќе доведе до многу негативни последици за веќе полууништената безбедносна архитектура во Европа и ќе претставува закана за нашата земја… Ќе биде потребна доволно разбирлива и цврста реакција, посочи Песков.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе успееме ли овој пат енергетски да се поврземе со Албанија?

Дејан Дејан

Може да завршиш како Садам Хусеин – израелскиот министер за одрбана со порака до Хамнеи

Дејан Дејан

Мојсоска: Собранието ќе мора да ги обелодени патните трошоци на пратениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе