Украинскиот претседател Володимир Зеленски е разочаран што алијансата не воспоставува временска рамка за членството на Украина во Алијансата, иако спротивставувањето на руската инвазија без помошта од страна на НАТО ќе беше тешко замисливо. Во остра порака на твитер, Зеленски рече дека се чини оти во алијанската нема подготвеност ниту да ја покани Украина, ниту пак таа да стане членка. Зеленски, кој и самиот треба да пристигне во Вилнус утре и да се обрати пред останатите лидери на Алијансата, порача дека несигурноста е слабост.
Претходно, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, инсистираше дека Украина ќе добие јасна и позитивна порака од самитот во Литванија. Но прво, додаде тој, Украина мора да опстане и да победи во војната.
Ако не се осигуриме дека Украина ќе победи во оваа војна, ако не се осигуриме дека Украина ќе надвладее како суверена нација, не постои дискусија за членство. Затоа треба да ги запознаеме временските рамки, задачите, а првата и најзначајна задача е да се осигуриме дека Украина ќе надвладее а претседателот Путин нема да победи во оваа војна, рече столтенберг.
Нема единствен став во Алијансата за украинско зачленување, нешто што се провлекува од осаостојувањето на земајта од Советскито Сојуз а за тоа сведочи и договорот за време на самитот во Букурешт 2008 година, каде членките се договорија таа некогаш ќе стане членка.
Источноевропските и балтичките членки на НАТО, заедно со Велика Британија, притискаат да се усвои конкретна временска рамка со задачи и одредници за Украина, додека пак западните членки, меѓу кои САД и Германија имаат резерви за украинската способност да се бори против корупцијата и да обезбеди владеење на правото во земјата.
Украина мора да превземе дополнителни чекори на својот реформски пат. Но, сојузниците ќе испратат обединет, позитивен сигнал за украинскиот пат кон идно членство во алијансата, порача советникот за национална безбедност на Бајден, Џејк Саливен.
Тие исто така стравуваат и дека превземањето поконкретни чекори за украинското членство, може да го поттикне Путин дополнително да ја ескалира и оддолжи војната, но и да ја вовлече Алијансата во неа.
Игор Трајков