Вести Македонија Топ вести

Со години работат трета смена која повеќе се плаќа – директорката на „Комунална хигиена“ обвинува дека дел од вработените го блокираат претпријатието

Мала група на вработени во „Комунална хигиена“ ја блокираат работата на претријатието, па поради тоа делови од Скопје во изминативе денови се со неиспразнети контејнери за смет, обвини директорката и ги нарече група од подземјето кои со години работеле трета смена која повеќе се плаќа.

Дополнително, рече дека си правеле приватни бизниси од фирмата, богатејќи се на сметка на претпријатието. Побара да делуваат институциите. Истовремено вети и дека ќе одговори на барањата за зголемување на платата согласно минималната. Кажа дека од март платата на вработените е зголемена за 864 денари, а договорите за работа се прекинати само со оние лица кои не работеле ништо.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе