Откако украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „руските војници поставиле предмети што личат на експлозив на покривот на нуклеарната централа Запорожје“, денеска населението од тој регионот започна да ги напушта домовите.
Истовремено, портпаролката на руското МНР, Марија Захарова денеска изјави дека Зеленски планира да ја нападне централа и дека „САД и Велика Британија тоа не го гледаат како опасност“, иако е познато дека Русија ја окупираше нуклеарната централа Запорожје во раните фази на војната.
Меѓународната агенција за атомска енергија пред неколку дена објави дека нема знаци дека во електраната бил поставен експлозив.
- Што се однесува до ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје. Целиот свет сега мора да сфати дека заедничката безбедност целосно зависи од глобалното внимание на акциите на окупаторите во централата. Русија мора јасно да сфати дека светот гледа за какви сценарија се подготвуваат терористите и e подготвен да одговори. Радијацијата е закана за сите во светот, а нуклеарната централа мора да биде целосно заштитена од какви било инциденти со радијација. Различни земји имаат свои разузнавачки и други способности да знаат точно што се случува и кој е обвинува, изјави Володимир Зеленски, украински претседател.