Челси го раскина договорот со Цезар Азпиликуета една годиа порано на барање на самиот фудбалер. Десниот бек и капитен на „сините“ ќе потпише договор со Атлетико Мадрид и ќе се врати во својата татковина по цели 11 години.
Интерес за 33-годишниот ветеран имаше и од Интер, но фудбалерот сакаше да се врати во Шпанија. Азпиликуета е седмиот фудбалер што официјално го напушта Челси летово по Енголо Канте, Рубен Лофтус Чик, Едуар Менди, Калиду Кулибали, Матео Ковачиќ и Каи Хаверц.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.