Вести Свет

Курти со услов за неговото присуство на средбата во Брисел

Косовскиот премиер Албин Курти нуди намалување на бројот на полицајци во општините со мнозинско српско население на северот на Косово, под услов да има владеење на правото. Истакна дека е запознат со најавениот состанок во Брисел, кој би требало да се одржи на 22 или 23 јуни, но остана резервиран дали ќе патува за Белгија. Учеството го услови со извештајот на косовската канцеларија за врски во Белград која беше во посета на затворот во Краљево, каде се наоѓаат тројцата, неодамна, уапсени косовски полицајци.

„Кога ќе имам информации од оваа посета на тројца наши полицајци кои се држат како заложници во Србија како одмазда за борбата против организираниот криминал и корупцијата на Косово – ќе донесам одлука и ќе дадам изјава. Посетата (на шефот на Канцеларијата за врски во Белград) е планирана за следниот ден и ќе бидам во контакт со амбасадорот за да ме информира за состојбата на овие полицајци кои се во заробеништво во Србија“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.

И Белград не ја потврува средбата во Брисел.

Во меѓувреме, тензиите на Косово дополнително се подгреаја по денешното, ново, апсење на Србин под сомнение дека учествувал во нападот на новинарски екипи во петокот. Уапсениот според медиумите е 28-годишен маж, вработен во Телеком.

Во моментов, во притвор се шест косовски Срби.

Силни полициски сили на КФОР денеска се пред зградата на Општина Лепосавиќ, каде Србите се собраа на мирен протест попладнево во знак на поддршка за уапсените сограѓани. Протестите денеска ги предводеа белите мантили.

Има ли крај на теророт кој доаѓа од Приштина? Од тие приштински заедници кажуваат дека ние сме етничка заедница. Значи народ кој е во своја држава сме прогласени за етничка заедница, вели доктор Драгиша Миловиќ, претседател на општина Звечан.

Војници од унгарскиот, американскиот и летонскиот контингент на мисијата ги затворија приодите кон центарот на Лепосавиќ и не дозволија влез на специјалните полисики сили на Косово.

Повици до Курти да не ја разгорува ситуацијата и да се врати на рационалноста пристигнаа и од неговиот голем поддржувач, албанскиот премиер Еди Рама. Тој преку Твитер му порача да не се самоизолира бидејќи на тој начин може да го загуби северот на Косово.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти

Дејан Дејан

Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Дејан Дејан

Нов бран израелски напади врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе