Uncategorized Временска прогноза

Променливо облачно, посвежо и ветеровито со повремени локални врнежи од дожд – Временска прогноза за 17.6.2023

Првиот ден од викендот ќе преовладува променливо облачно, посвежо и ветеровито време со повремени локални врнежи од дожд. На некои  места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, а во должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 11 до 17°C, а дневната од 18 до 25°C.

Во Скопје, променливо облачно, посвежо и ветровито со повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Информации од ова утро: 16.6.2023

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
9 Попова Шапка, 11 Лазарополе, 12 Маврови Анови, Крушево, 14 Крива Паланка, Охрид, Берово, Претор, 15 Дебар, Битола, Прилеп, 16 Тетово, Виница, 17 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Штип, Струмица, Кавадарци, Дојран, 18 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2)
33 Претор, Маврови Анови 31 Попова Шапка, 25 Пожаране, 22 Тетово, 19 Крушево, Дебар, 14 Крива Паланка, 13 Битола, 12 Струмица, 10 Охрид, 7 Берово, 6 Виница, 5 Д.Капија, Гевгелија, 4 Прилеп, Ѓуриште, 3 Штип, Скопје-Петровец, 2 Скопје Зајчев-Рид, Дојран.

Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта врнежи од дожд- Временска прогноза за 9.5.2025

Дејан Дејан

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе има локална појава на нестабилност – Временска прогноза за 8.5.2025

Дејан Дејан

Променливо облачно, локално нестабилно – Временска прогноза за 7.5.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе