Вести Свет

Старџен: Невина сум, никогаш не би сторила нешто да и наштетам на земјата

Поранешната премиерка на Шкотска, Никола Старџен, вечерва објави дека била шокирана и под голем стрес кога во теркот на денот била уапсена и потоа ослободена, додавајќи дека е невина за истрагата за финансиски малверзации на Шкотската народна партија (СНП).

Знам дека оваа истрага е тешка за луѓето и благодарен сум што толку многу продолжија да покажуваат верба во мене. Го ценам тоа, никогаш не би направила нешто за да и наштетам на СНП или на државата. Очигледно, земајќи го во предвид целиот овој процес, не можам да навлегувам во детали. Меѓутоа, сакам да го кажам ова – јас сум невина, ништо не сум сокрила, изјави Старџен на Твитер.

Таа додаде дека невиноста не е презумпција и дека е должна да го почитува законот.

Без никаков сомнеж знам дека сум невина, ништо незаконски не сум направила. Многу луѓе ми испратија пораки со поддршка во изминатите недели, вклучително и денеска. Благодарна сум за нивната добрина. Благодарам на моето најблиско семејство и пријатели кои ми ја даваат потребната поддршка во овој момент. Ќе ми требаат ден или два да ги обработам најновите случувања, додаде таа.

Старџен додаде дека планира да се врати во парламентот каде што ќе продолжи да ги претставува своите гласачи од јужен Глазгов „најдобро што може“.

Таа беше ослободена од притвор без обвинение, во очекување на натамошната истрага, откако беше уапсена претходно денеска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Никлеарните капацитети не смеат да бидат мета на напади, предупреди Меѓународната агенција за атомска енергија

Дејан Дејан

Израел ги ликвидираше командантите на Револуционерната гарда и Иранската армија

Дејан Дејан

Шест ирански нуклеарни научници меѓу загинатите во израелскиот напад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе