Повеќе од 24 часа по уништување на браната Каховка, последиците стануваат сè повидливи. Големото Каховско езеро продолжува да се празни, а водата оди во правец кон Црното Море.
Сателитските снимки покажуваат големи поплави од двете страни на реката Дњепар, особено на пониските подраќја на југ, на територија што е под контрола на Русија. Нивото на водата во некои места е толку зголемено, што принуди луѓе да ја минат ноќта на кров и седејќи на дрва во исчекување да бидат спасени, наведува „Би-Би-Си“.
Украинското Министерство за одбрана објави фотографија за која наведува дека го прикажува градот Херсон, еден ден по поплавата што ја предизвика уништената брана на хидроцентралата Каховка.
„Ова е Херсон денеска. Русите се обидоа сe што можат за да го освојат овој град. Пратија војска, го гранатираа, го поплавија. Во ништо не успеаја. Така и ќе продолжи, како во Херсон, така и на други места во Украина“, објави украинското Министерство за одбрана.
This is Kherson today.
russians had attempted everything they could to take over this city. They have dispatched troops, shelled it, and flooded it.
But they have repeatedly failed.
And they will continue to fail. In Kherson and elsewhere in Ukraine.📷@Liberov pic.twitter.com/Xn9Fsf0qg7
— Defense of Ukraine (@DefenceU) June 7, 2023
Поплавата во Херсон, единствениот голем град кој е погоден со катастрофата, е толку акутна, па квартови во близина на Дњепар се целосно под вода. Спасувачките операции продолжуваат, но нивната реализација оди бавно поради честото гранатирање од руските позиции од другиот брег на реката.
Околносите кои доведоа до уништување на браната и натаму се предмет на меѓусебни обвинувања на Киев и Москва, но сигурно не е случајно што настана по само еден ден од впечатокот за почеток на долгонајавуваната украинска контраофанзива.
Исклучиво од воено гледиште, постои брутална логика во вчерашните случувања во областа на Херсон. Во страв од украински напад на било која точка долж фронтот од, речиси, 1.000 километри, се чини дека веројатно руските команданти решиле да ја елиминираат единствената одржлива точка за премин преку Дњепар, јужно од градот Запорожје.