Вести Свет Топ вести

НАТО на прагот на Кина, Макрон дига „рачна“ – Франција не поддржува отворање на канцеларија на Алијансата во Азија

Францускиот претседател Емануел Макрон го одби предлогот на НАТО за отворање на канцеларија во Јапонија, која би била прва во Азија, бидејќи, како што смета, Алијансата треба да остане фокусирана на сопствениот северноатланстки регион, објави „Фајненшл тајмс“.

Пекинг претходно порача дека НАТО треба да остане во својата сфера на влијание, без да се обидува да го зголеми своето присуство во Азија, додавајќи дека регионот не поздравува блоковска конфронтација или воени блокови.

Француското издвојување од планот би можело сериозно да го наруши формирањето на прва филијала на НАТО во Токио, со оглед дека за „зелено светло“ и отворање на канцеларијата е потребна согласност од сите земји членки на Алијансата.

На минатонеделната конференција, Макрон наводно предупредил дека притисокот врз НАТО да го прошири својот „спектар и географија би бил голема грешка“. Според неименуван извор, Париз не е расположен да поддржи било каква политика која ќе придонесе за тензии меѓу Алијансата и Кина.

Иако истакна дека Јапонија сè уште е во преговори за отворање на канцеларија, јапонскиот премиер Фумио Кишида неодамна изјави дека не е донесена конечна одлука, но и дека Токио нема интерес да се придружи на Алијансата и покрај зголемената интеракцијата во последните неколку години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран

Дејан Дејан

Странските туристи се враќаат во Македонија

Дејан Дејан

Пред пратениците предлог измените на Изборниот законик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе