Вести Свет Топ вести

Косово е отворено за можноста за нови избори на северот, прв услов е прекин на насилството

Косово е отворено за можноста за нови избори во четирите општини со мнозинско српско население на северот на Косово по настанатите немири, но пред тоа треба да се преземат други чекори, изјави косовската министерка за надворешни работи, Доника Гервала-Шварц.

Говорејќи по средбата со чешкиот министер за надворешни работи во Прага, таа рече дека прекинот на насилството е првиот услов.

Одржувањето на нови локални избори во општините со мнозинско српско население во Косово е барањето кое САД и Европската Унија го упатија до Приштина по избивањето на тензиите на северот од земјата.

Немирите настанаа откако косовските власти поставија новите градоначалници, етнички Албанци, во општините со мнозинско српско население по изборите со излезност од само 3,5 проценти, што, пак, ги налути Србите кои се мнозинство во регионот и кои ги бојкотираа локалните избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Странските туристи се враќаат во Македонија

Дејан Дејан

Пред пратениците предлог измените на Изборниот законик

Дејан Дејан

ДЗР: ЕЛЕМ ТУРС со големи загуби и застарени капацитети

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе