Вести Свет Топ вести

Фон дер Лајен: Русија ќе мора да плати за воените злосторства во Украина

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лаен порача дека Русија ќе мора да плати за сторените воени злосторства во Украина, а последно во низата меѓу нив уривањето на браната Нова Каховка.

„Уништување на брана, нечуен напад на цивилна инфраструктура, доведува во опасност илјадници луѓе во областа Херсон. Европа ја мобилизира поддршката преку механизмот за цивилна заштита. Се координираме со државите членки за побрзо да испорачаме пумпи, пожарникарски црева, филтри за вода. Стоиме со Украина колку и да е потребно“, порача Фон дер Лаен на Твитер.

Претходно, претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола го осуди нападот, напоменувајќи дека украински деца, жени и мажи ќе трпат последици од страшното уништување на хидроцентралата. Таа инцидентот го нарече злосторство против човештвото, воено злосторство кое не може да биде оставено без одговор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДЗР: ЕЛЕМ ТУРС со големи загуби и застарени капацитети

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала локална облачност – Временска прогноза за 13.6.2025

Дејан Дејан

Притвор за 53 годишен Велешанец, осомничен дека продавал кокаин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе