Голема железничка трагедија во Индија. Најмалку 50 мртви и над 400 повредени откако патнички воз излета од шините, а врз него налета друг товарен воз.
Спасувачките екипи се обидуваат да извлечат десетици заробени луѓе од под превртените вагони.
Не е позната прочината зошто десетина вагони од патнички воз излетаа од шините изјави портпаролот на индиското министерството за железници кој информираше дека делови од него паднале врз соседната пруга каде што друг патнички воз удрил во нив.
Патничкиот воз „Коромандел експрес“ патувал од Хорах во Западен Бенгал до Ченаи, главниот град на јужната држава Тамил Наду. И покрај владините напори за подобрување на безбедноста, стотици железнички несреќи се случуваат во Индија секоја година.