Вести Свет Топ вести

Се зголемува притисокот врз Косово за организирање нови избори со учество на Србите

Се зголемува притисокот врз Косово да организира нови избори на северот во четирите општини каде живеат мнозинство Срби. Последниот повик доаѓа од германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, кои на самитот на Европската политичка заедница во Кишињев изјавија дека ги повикале и Приштина и Белград што побрзо да организраат нови избори, но овојпат со учество на Србите. Двајцата лидери имале одвоени состаноци со Вучиќ и со Османи, на кои им ги пренеле пораките.

По серијата критики на сметка на косовскиот премиер, и воведување на првите мерки против Приштина, САД и денеска ги повтори барањата до албанскиот премиер Курти. Американскиот амбасадор, Џефри Ховениер, по завршениот состанок, изјави дека не е сигурен дека на Курти му го променил мислењето и дека ќе се согласи на барањата. Српскиот претседател, Вучиќ вели дека не е голем оптимист за ситуацијата, но драго му е што меѓународноата заедница сфатила што се случува на северот од Косово.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе