Кинески вселенски брод со тројца астронаути утрово од центарот за лансирање на сателити Џиукван, се упати кон вселенската станица Тиангонг. Тријцата астронаути ќе го заменат екипажот што е на орбиталната станица шест месеци.
Свежиот екипаж за прв пат вклучува и цивил. Сите претходни членови на екипажот биле во Народноослободителната армија, военото крило на владејачката Комунистичка партија во земјата.
Триото на бродот „Шенжу 16“ ќе ќе ги замени тројцата астронаути кои на станицата живееле претходните шест месеци, спроведувајќи експерименти и склопувајќи опрема внатре и надвор од леталото.
Се вели дека вселенската станица Тиангонг била завршена во ноември кога бил додаден третиот дел.
Кина изгради сопствена вселенска станица откако беше исклучена од Меѓународната вселенска станица, главно поради американските приговори.