Вести Свет Топ вести

Советничка на Петков оддавала бугарски државни тајни на Македонија

Бугарската Државна агенција за национална безбедност отворила истрага против советничка на поранешниот премиер Кирил Петков, која наводно оддавала бугарски државни тајни на лице од Македонија. Советничката издавала инфомрации за позицијата на Бугарија во врска со ветото за започнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, рече меѓудругото Пламен Тончев, шефот на Државната агенција за национална безбедност (ДАНС) во бугарскиот парламент.

Во рамки на спроведувањето на законските овластувања на агенцијата, согласно одредбата за контраразузнавање, е отворен случај во која советник на премиерот во тогашниот период ги координирал ставовите на Минситерството за надворешни работи со граѓанин на Република Северна Македонија, изјави Тончев.

Бугарските пратеници, особено од редовите на националистите од „Преродба“ и „Има таков народ“ нашироко го испрашуваа шефот на ДАНС, дали имало протекување на информации кон македонската држава, дали во Скопје биле подготвени за чекорите на бугарската држава, дали тоа било правено преку електронска пошта или телефонски разговори, и дали биле доставувани тајни документи.

Пратеникот од „Има таков народ“, Тошко Јорданов, дури шпекулираше за името на советничката на Петков, која давала тајни информации на Македонија. Според него станува збор за Велеса Чернева, за која уште тогаш од партијата се сомневале дека работи зад грбот на тогашната министерка за надворешни Теодора Генчовска.

Министерката Генчовска уште тогаш директно изјави дека Весела Чернева и Кирил Петков се договараат. Ќе бидат ли превземени мерки против Петков и Василев, ако тие ѝ го наредиле тоа, запраша Јорданов.

Иако Тончев не го соопшти името на осомничената советничка, но името на Чернева беше спомнато и од пратеници на „Преродба“, како и од Хамид Хамид од „Движењето за права и слободи“.

Советник на премиеротдавал класификувани инфомрации на странска држава, на странски служеници. Тоа е шпионажа. Поради таквите псотапки тоа лице одамна требаше да биде во затвор. Кој гарантира дека тоа лице не продолжува да извршува државно предавство, праша Костадин Костадинов од „Преродба“.

Не откривајќи го името, Тончев изјави дека осомниченото лице се обидело да ги избрише трагите од комуникацијата од својот компјутер, но податоците биле вратени од експертите на ДАНС. Сепак, тој тврди дека постапките на осомничената не можеле да бидат извршени без знаење на нејзините претпоставени, односно лица во владата на Петков. Затоа, Тончев заклучи дека некои од министрите на Петков не дејствувале во корист на државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе