Албанскиот премиер Еди Рама доцна синоќа реагираше на ситуацијата на северот на Косово апелирајќи до косовските државници да ги слушаат сојузниците со цел ситуацијата да не се влоши уште повеќе. Според албанскиот премиер, Косово се „повредува меѓународно со оваа тешка ситуација“.
Рама подвлече дека „од оваа раскрсница каде што конфликтот се враќа и се враќа секоја година како производ на минатото, при што Србија ги изложува војниците на границата каде нејзината моќ е еднаква на нула, а Косово ја изложува својата неподготвеност да го финализира дијалогот, единствениот излез е со дијалог и моќни сојузници.
Претходно реагираше и албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка оценувајќи дека „неиспровоцираните насилни напади врз силите на КФОР и медиумите се неприфатливи и мора веднаш да престанат.
Таа додаде дека „дијалогот со посредство на ЕУ е патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија и заемно признавање што ќе обезбеди трајна стабилност во нашиот регион.