Вести Свет Топ вести

Нема договор за повлекување на косовската полиција од општината во Звечан, расте тензијата на северот од Косово

Втор ден по ред косовските Срби се собираат пред општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, противејќи се на новите албански градоначалници. Најмногу луѓе се собрани пред општинскиот објект во Лепосавиќ, бидејќи во зградата се уште се наоѓа градоначалникот Љуљзим Хетеми. Не е излезен од вчера поради безбедносни причини. Граѓаните вчера пред бодликавата жица му оставија подарок и му пееа песни.

Овој тука со чорапите е за нашиот некој нов градоначалник, кој ние не сме го запознале, тој не сака да го запознае својот народ, а сака да нѐ претставува. И вака ние сме српски домаќини, и кога некој ни влегува во куќа, ние му даваме подарок, вели една од демонстрантките.

Вчерашните инциденти ги премислија градоначалниците од Зубин Поток и Звечан, кои за денеска најавија дека нема да додјат на работно место.

По насилствата и судири со полицијата и силите на КФОР, на терен засега мирно, но чувствително. Србите се собраа пред барикадите. Не се откажуваат од своите барања – новите албански градоначалници да се повлечат, исто како и ослободување на општинските простории кои се чувани од косовската полиција. Но од косовското МВР, демнатираа дека имаат некаов договор за нивно повлекување или ослободување на четворицата уапсени Срби.

Во вчерашниот судир повредени се 50-тина Срби, но и 30 војници на КФОР. Од мисијата побараа – Косово и Србија да преземат целосна одговорност за настаните што се случуваат на северот на Косово и да не се кријат зад лажните наративи.

Но, се чини дека и двете страни не попуштаат и покрај повиците од меѓународната заедница да се смири напнатоста. Српскиот претседател Вучиќ денеска се сретна со претставниците на Квинтата и им го порача истото што го кажа и во вчерашното вонредно обраќање – да го смират своето чедо Курти.

Уверен сум дека ќе успееме да се избориме за слободата на нашиот народ, за преживување и безбедност на нашите луѓе на северот на Косово и Метохија. За тоа постои само еден, толку мал услов, што не можам да верувам дека луѓето од Квинтата и најмоќните запдни земји не можат да го исполнат. А тоа е повлекување на специјалните полициски сили на Приштина од северот на Косово и Метохија, и второ отсранување на лажните градоначалници кои не претставуваат ама баш никој, порача вучиќ.

Нема место за фашистичко насилство во една демократија, напиша косовскиот премиер Курти на Твитер. Од Приштина пак се уверени дека вчерашните немири се поттикнати од самиот Вучиќ, кој според нив намерно сака да испровоцира војна, а неговите косовските аналитичари ги споредуваат со постапките на наликуваат неговиот учител Милошевиќ.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе