Вести Свет Топ вести

Десетици повредени во судирите помеѓу Србите и припадниците на КФОР во Звечан

Косовските Срби се судрија со силите на нато на косово, откако група Срби се обидоа да влезат во општинската зграда во Звечан. Силите на КФОР употребија солзавец за да ги одвратат во намерата, на што насобраните возвратиле со камења и шишиња. 53-ца се повредени од шок-бомби, солзавец и од удари.Тројца се во болница, а еден е во животна опасност и има прострелни рани.

Повредени се и околу 25 војници распоредени во мировната мисија на НАТО, КФОР во Косово се повредени денеска во судирите со српски демонстранти кои бараа смена на неодамна избраните градоначалници етнички албанци, соопшти кфор.

Неколку војници на италијанскиот и унгарскиот контингент на КФОР беа цел на неиспровоцирани напади и се здобија со скршеници и изгореници поради експлозија на запаливи средства, пишува во соопштението на КФОР.

НАТО остро ги осуди „неиспровоцираните напади“ врз трупите на КФОР, додавајќи дека „таквите напади се целосно неприфатливи“.

Шефот на делегацијата на ЕУ на Косово остро ги осуди насилните акции на демонстрантите во Звечан и повика на смирување на тензиите.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека ситуацијата на Косово е алармантна и дека може да се случи голема експлозија во центарот на Европа.

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во телевизиско обраќање рече дека за инцидентите е виновен косовскиот премиер Албин Курти.

ВИДЕО: Судири на северот на Косово: КФОР во битка со локалните Срби за да ги извлече опколените косовски специјалци во Звечан, многу повредени на двете страни

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе