Вести Македонија Најважни

Три жени и седум мажи се уапсени во вчерашната полициска акција во Тетово и Гостивар, едно лице е во бегство

Десет лица се уапсени, а по едно сѐ уште се трага по вчерашната полициска акција во Тетово и Гостивар против група која е осомничена дека извршила сексуална експлоатација на малолетничка и трговија со деца. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдија дека се уапсени три женски и седум машки лица, додека од обвинителството засега не откриваат повеќе детали за да не се попречи во истражните активности.

Засега не се исклучува можноста во случајов да се вмешани повеќе лица, а со тоа и можноста од дополнителни аспења. Повеќе детали од таму најавија дека ќе соопштат во текот на денешниот ден, и се очекува да биде поднесена пријава против 11 лица, од кои едно е во бегство.

Во слична полициска акција, претходно, беа уапсени девет лица, од Тетово, Скопје и Велес, за полова злоупотреба на немоќно лице и за производство и дистрибуција на детска порнографија. За кривичните дела „Трговија со дете“ и „Полова злоупотреба на немоќно лице“ се предвидени затворски казни од најмалку осум години, додека за кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ затворска казна од три до пет години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе