Вести Магазин Топ вести

Илон Маск се повлекува од челната позиција на Твитер, жена ќе биде на позицијата извршен директор

Илон Маск се повлекува од челната позиција на Твитер, бидејќи пронашол наследничка која наскоро се очекува да биде промовирана во нова извршна директорка. Иако тој не го спомена нејзиното име, медиумите во САД јавуваат дека во преговори за посочената позиција е Линда Џакарино од компанијата „Ен-Би-Си Јуниверзал“ (NBC Universal).

Кон крајот на минатата година, Маск најави оти планира да се повлече од челната позиција во Твитер, но дури кога ќе најде и именува наследник.

Тој стана извршен директор на платформата кога ја купи во октомври лани за 44 милијарди долари, меѓутоа веднаш стави до знаење дека тоа не е трајно решение.

Милијардерот Маск е сопственик и на компаниите „Тесла“, за производство на електрични автомобили, и на „Спејс Икс“ која произведува вселенски летала.

Периодот што го мина како извршен директор на Твитер беше обележан со хаос и контроверзии, наведува германската новинска агенција ДПА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

Дејан Дејан

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе