Вести Свет Топ вести

(Видео) Експлозија на комбе во центарот на Милано, повредено едно лице, опожарени пет возила

Комбе што превезувало резервоари со кислород експлодира попладнево во центарот на Милано. Евакуирани се градинка и станбени згради во околината, јавуваат италијанските медиуми. Според агенцијата Ап, едно лице е повредено.

По пожарот, запалени се пет возила, а евакуирани се деца од основно училиште и станари од една зграда, информира италијанската полиција.

Пожарникари веднаш излегоа на местото на настанот, но пламенот во меѓувреме се прошири на други возила и оштети фасада од станбена зграда, пренесе агенцијата „Ла прес“.

Според градоначалникот на Милано, Бепе Сала не станува збор за терористички акт, ниту за криминална акција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Гувернерот Њусом ништо не презеде за да го запре насилството во Лос Анџелес, обвинува Белата куќа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе