Вести Свет Топ вести

Убиецот од Младеновац без каење изјавил дека го разбира 13-годишниот убиец од Белград, но не му бил инспирација

21-годишниот У.Б., кој се товари за убиство на осум луѓе во Младеновац, пред судот изјави дека го разбира 13-годишниот убиец од ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, но не му бил инспирација, објавува српски Курир.

Изворот на Курир открива и дека У.Б. „се обидел да покаже хуманост и свесност дека тој и момчето не направиле ништо лошо, но не звучел дека навистина да чувствува трошка каење“.

– Не бев инспириран од злосторството што се случи претходниот ден во Белград, ниту пак беше мој мотив да пукам во луѓе во Младеновац. Следев што се случи претходниот ден во Белград, тоа што го направи тоа момче беше лошо, но можам да го разберам затоа што беше омаловажуван како мене – рекол У.Б. по апсењето.

Тој на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, го признал делото и детално го опишал својот крвав поход, по што му беше одредена мерка притвор до 30 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Њусом е добар човек, но ужасно неспособен, јас би го уапсил

Дејан Дејан

Орбан: Русија не може да победи ниту во Украина, а не пак да се спротистави на НАТО

Дејан Дејан

Израел ќе ја депортира Грета Тунберг и целата посада на „селфи-јахтата“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе