Откако најголемиот трговски центар во Хрватска пред еден месец со сексистички билборд предизвика негативни реакции во јавноста, Невена Црљенко на свој приватен трошок плати поставување билборд вo Загреб со оригинална содржина.
Штом го видела плакатот, Невена Црљенко, потпретседателка за односи со јавност во Филип Морис, која во моментот живее и работи во Швајцарија, знаела што треба да направи, објавува Jutarnji.hr.
- „Сите се на мое име, ги користам секаде во светот но не и во Вестгејт“, ова е пораката од билбордот поставен на загребскиот Мост на слободата, со што таа им пратила директна порака на Вестгејт, но и на сите оние за кои сексизмот е прифатлив.
Билбордот кој пред еден месец беше поставен во Загреб ја имаше следната содржина: „Повторно поштарот ми звонеше во седум наутро, за пратка за неа, ќе и ја земам картицата… (Томислав Р. 32) Дојди со неговата картичка во Вестгејт ние нема да те предадеме. Брзо решение.“
- “Овој плакат беше само капка која ја прели чашата. Јас го прочитав текстот, се изнервирав, во рок од неколку минути смислив слоган и план, само беше потребно да се завршат некои работи пред самото поставување. Мостот е многу фреквентен и знаев дека ќе го видат 50.000 луѓе ако го поставам таму,“ објаснува Невена Црљенко за Jutarnji.hr, која од изутрина добила бројни пораки со поддршка.