Вести Свет

Учениците од „Рибникар“ се враќаат во училиште, полицијата ја надгледува ситуацијата

Една недела по трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар денеска учениците се враќаат во училниците, во кои 13 годишно момче-убиец изврши масакр и уби осум ученици и чувар, а повреди уште шест деца и една наставничка.

Предлогот е децата да се вратат на училиште, но има простор родителите да ја донесат конечната одлука, бидејќи состојбата на секое дете е индивидуална и сè уште не се подготвени сите, пренесуваат медиумите во соседството.

Утрово пред училиштето е тивко, на влезот има полицајци, додека на страна стојат инспектори во цивилна облека. Лентите што се користеа за обезбедување на местото на несреќата беа отстранети од предната страна во близина на главниот влез.

Според експертите, враќањето на децата во училиштето каде се случи крвавиот настан значи дека на почетокот тие ќе мора да се соочат со страв. Ситуацијата, како што велат е сложена бидејќи во неа се вклучени деца и нешто што досега не е видено на нашите простори, па тоа сметаат експертите е дополнително отежителна околност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Партиите разговараат за пополнување на правната празнина за независните кандидати

Дејан Дејан

Бројот на жртвите од масакрот во Грац се искачи на 11

Дејан Дејан

Стокер: Денеска е најцрниот ден во историјата на Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе