Извадил пластичен пиштол и го вперувал кон учениците. 13 годишен ученик во основно училиште во Обреновац ,Србија пробал да го имитира вчерашниот масакр во Врачар. Настанот следувал веднаш откако учениците им оддале едно минутно молчење на нивните соученици,а наставничката ги оставила децата во училницата и отишла да провери дали сите влегле за да го започне часот.
Полицијата во Обреновац уапсила тројца ученици и во присуство на нивните родители се одведени во полициска станица на сослушување пишуваат локалните медиуми. Во Србија е прогласена три дневна жалост, а наставата во двете смени во училиштата започнува со едноминутно молчење. Во соседна Босна пак, приведен е млад човек кој на социјалните мрежи објавил дека ќе изврши незапамтен масакр на учениците од средното економско училиште во Бихаќ, сличен како тој на Врачар. Од училиштето смируваат и велат дека нема потреба за паника, а надлежните органи навреме реагирале.
Симона Петровска