Вести Свет

Протести во Израел поради реформата на правосудниот систем

Противниците на контроверзните правосудни реформи денеска ги блокираа улиците и раскрсниците во Тел Авив и другите градови со цел да го засилат притисокот врз пратениците пред денешната седница на Кнесетот, прва по едномесечна пауза.

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху ја пролонгира имплементацијата на реформите по масовните протести, кои се одржуваат секоја сабота навечер.

Демонстрантите протестираа и пред домот на израелскиот претседател Исак Херцог и министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир

Денешниот протест против судската реформа прерасна и во револт поради зголемените трошоци за живот, а учесниците побараа и ултраортодоксните Евреи да бидат ослободени од воена служба.

Полицијата соопшти дека е уапсен еден демонстрант.

Планот за судски реформи на најдесничарската влада во историјата на Израел ја втурна земјата во една од нејзините најтешки внатрешни кризи.

Со реформата е предвидено владејачката партија да може назначува судии, а Кнесетот ќе може да поништува одлуки на Врховниот суд. Противниците тврдат дека реформата е со цел да се заштити Нетанјаху, кому му се суди за корупција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цубалевски: Ако се затвори Ормуцкиот теснец, цената на нафтата може да порасне до 400 долари за барел, тоа би ја турнало светската економија во криза од невидени размери

Дејан Дејан

Борозанов: Сигурно ќе има одложување на инвестициски одлуки во оваа година

Дејан Дејан

Борозанов: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран ќе има негативен ефект врз глобалниот раст на подолг рок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе