Седум девојчиња, едно момче и вработен во обезбедувањето настрадаа во вчерашниот крвав пир на школски другар во Белград. Од Србија пристигнуваат голем број на потресни сведоштва, а едно и на мајка на едно од убиените девојчиња.
„Ја загубив ќерката. Ја испратив во училиште и никогаш повеќе нема да се врати. Повеќе немам ништо и мојот живот повеќе нема смисла“, рече мајката по што седна на тротоарот и почна да плаче, во придружба на нејзина пријателка.
Сите настрадани деца беа ученици на основното училиште „Владислав Рибникар“, каде денеска се собираат голем број на ученици и наставници кои им оддаваат почит на настраданите, палеа свеќи и оставаа цвеќе.
Момчето кое го изврши делото во моментот се наоѓа на невропсихијатрија, каде му е укажана стручна помош, додека на неговиот тако му е одредена мерка на задржување до 48 часа.