Вести Свет

Зеленски: Ние не стоиме зад нападот на Кремљ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повтори дека Киев не стои зад наводниот напад врз Кремљ, откако Русите ја обвинија неговата земја за неуспешен обид за атентат врз Владимир Путин.

Ние не го напаѓаме Путин или Москва, ние се бориме на наша територија, ние ги браниме нашите села и градови. Немаме доволно оружје за ова. Не го нападнавме Путин. Тоа го оставаме на судот, изјави Зеленски од Хелсинки.

Зеленски смета дека Путин ја обвини Украина за нападот затоа што бара начин да го мотивира својот народ бидејќи не постигнува победи.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цубалевски: Ако се затвори Ормуцкиот теснец, цената на нафтата може да порасне до 400 долари за барел, тоа би ја турнало светската економија во криза од невидени размери

Дејан Дејан

Борозанов: Сигурно ќе има одложување на инвестициски одлуки во оваа година

Дејан Дејан

Борозанов: Ескалација на конфликтот меѓу Израел и Иран ќе има негативен ефект врз глобалниот раст на подолг рок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе