Вести Свет Топ вести

291 лице приведени и 108 повредени полицајци на вчерашните демонстрации ширум Франција за Денот на трудот

Најмалку 108 полицајци беа повредени вчера во Франција, од кои 20 во Париз, на собирите по повод Меѓународниот ден на трудот, изјави францускиот министер за внатрешни работи Жерар Дарманин, додавајќи дека 291 лице се приведени низ целата земја, од кои 90 во главниот град.

Таков број повредени припадници на безбедносните сили „на 1 мај е исклучително редок“, додаде министерот за внатрешни работи, кој „најостро го осуди насилството“.

Полицаецот кој беше погоден со молотов коктел во Париз има изгореници по лицето и рацете, но неговиот живот не е во опасност, изјави Дарманин.

Во понеделникот, неколку стотици илјади луѓе ширум Франција учествуваа на првомајските поворки, кои беа обележани со протести на обединетите синдикати против пензиските реформи. Генералниот секретар на синдикатот ЦГТ Софи Бине рече дека е многу задоволна од „големиот одѕив што ја покажува решителноста да се постигне повлекување на пензиската реформа“, а нејзиниот колега од ЦФДТ Лоран Бергер ја пофали „големата мобилизација“ на 1 мај.

Иако одѕивот беше далеку од рекордното ниво на крајот на јануари, кога, според проценката на МВР, на улица излегоа речиси 1,3 милиони луѓе, годинашниот празник на трудот успеа да собере поголем број луѓе од вообичаеното, по 12 дена протести.

ЦГТ проценува дека на митингот во Париз учествувале околу 550.000 луѓе и 2,3 милиони во цела Франција.

Во Париз јавниот ред и мир го одржуваа 5.000 полицајци, а поворката започна во 14 часот по средноевропско време, со учество на синдикалци од целиот свет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп најави дека во наредните две недели ќе одлучи дали ќе го нападне Иран

Дејан Дејан

Димитров: Моите критичари ми понудија да бидам амбасадор во Вашингтон или да бирам земја, меѓудругото за да ме замолчат

Дејан Дејан

Димитров: Комесарот Вархеји имаше исклучително негативна улога, немаше друг претставник на ЕУ што се залагаше за мешање на пристапниот процес со еден тежок спор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе