Товарен воз излета од пруга по експлозија во западната руска област Бријанск, во близина на границата со Украина, соопштија руските регионални власти.
Регионалниот гувернер, Александар Богомас изјави дека нема жртви во инцидентот што се случил кај графот Унечеа, 140 километри југозападно од Бријанск. Железничкиот сообраќај на линијата е времено во прекин. Според извештаите, возот превезувал нафта и дрвени производи, при што најмалку шест вагони од вкупно 60 излетале од пругата.
Инцидентот доаѓа по неколку денови од нападот со дрон што предизвика пожар во складиште со гориво во пристаништниот град Севастопол на полуостровот Крим кој во 2014 година го окупира Русија. Овие инциденти се сметаат како обид на украинските сили да ги прекинат руските линии на снабдување со гориво и оружје додека Украина се подготвува за контраофанзива која, според извештаите, треба да почне наскоро.