Расте бројот на жртви како последица на истекување на гас во фабрика во големиот индустриски град Лудијана, во државата Пенџаб во северна Индија. Полицијата на терен ја евакуира областа а информациите говорат дека има и голем број хоспитализирани лица.
Локалните медиуми информираат дека екипа на Националните сили за одговор при катастрофи се на терен, и го бараат изворот на протекување.
Во градот е зголемено присуството на полицијата, која патролира со маски на лицата и го предупредува локалното население да се држи подалеку од загаденото подрачје.