Жители на Киев по 51 ден повторно се разбудија со сирени за ракетни напади. Официјални претставници соопштија дека украинската противвоздушна одбрана соборила 21 од 23 ракети и два јуришни дрона, но засега нема информации за цивилни жртви во главниот град.
Експлозии одекнаа и во Кременчук, Полтава, во централна Украина, и во Миколаев на југот. На удари беа и Днипро и Уман, каде е погодена станбена зграда, пришто загинаа најмалку седум лица, меѓу кои и тригодишно дете.
Со реакција по најновите руски напади на неколку локации во Украина се јави и украинскиот претседател, Зеленски кој се заблагодари на противвоздушната одбрана и на сите кои го штитат украинскиот народ. Тој ја нарече Русија „терористичка држава“ која ќе мора да се соочи со соодветен одговор.
„Секој ваков напад, секое вакво зло против нашата земја и народ ја носи терористичката држава Русија поблиску до казна и пропаст, а не спротивно како што мислат тие. Нема да заборавиме ниту едно злосторство и нема да дозволиме на освојувачите да избегнат одговорност“, порача украинскиот претседател, Володимир Зеленски.
Најновите руски напади доаѓаат по најавите за украинската контраофанзива. Подготовките за неа се влезени во завршна фаза и ќе бидат употребени новата опрема и тенкови кои ги испорачаа западните сојузници на Украина.
Сашко Димовски