Вести Свет

80-годишниот Бајден втор пат ќе се обиде да ја освои Белата Куќа

Американскиот претседател Џо Бајден објави дека ќе се кандидира за својот втор мандат во Белата куќа на изборите кои ќе се одржат во 2024-тата година.

На возраст од 80 години, Бајден веќе е најстариот претседател во американската историја а подолго време тој најавуваше дека ќе ја побара довербата на гласачите за нови четири години на највисоката функција во Соединетите држави.

Во видео пораката со која ја најави својата кандидатура, Бајден ги опиша наредните претседателски избори како борба за демократијата и личните слободи.

Пред четири години неговото мото беше дека ќе се бори за душата на нацијата а овој пат пораката кон американските гласачи е: „Да ја завршиме работата“!

  • Прашањето со кое сме соочени е дали во годините пред нас, ќе имаме повеќе слободи или помалку слободи. Повеќе права или помалку права. Јас го знам одговорот а мислам дека и вие го знаете. Ова не е време да бидеме задоволни. Затоа се кандидирам за Претседател. Затоа што ја знам Америка. Знам дека сме добри и пристојни луѓе – Џо Бајден, претседател на САД.

Доналд Трамп веќе ја започна својата кампања за повторно освојување на претседателската функција, со што можноста тој да се обиде да му се реваншира на Бајден на изборите во ноември наредната година останува реалност.

Откако кандидатите на демократите поминаа подобро од очекувањата на минатогодишните избори за Конгресот, мала е веројатноста дека Бајден ќе се соочи со посериозна конкуренција во својата партија.

Но, во речиси испитувања на јавното мислење, вклучувајќи го и последното на НБЦ, скоро 70% од испитаниците и едвај половина од Демократите посакуваат тој повторно да се кандидира.

Причината е едноставна, доколу победи наредната година, Бајден ќе има 82 години а вториот мандат би го завршил на 86 години.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе