Вести Најважни Свет

Нападната руска база во Севастопол

Силите на Црноморската флота соборија беспилотно летало на надворешно сидриште Севастопол, соопшти гувернерот на Севастопол, Михаил Развожаев.

Второто беспилотно летало експлодирало, но не го оштетило објектот кој бил негова цел, додаде Развожаев.

Тој претходно на Телеграм напиша дека Црноморската флота одбила напад со дронови на надворешното сидриште на Севастопол.

Денеска, почнувајќи од 3 часот и 30 минути, беше извршен обид за напад на Севастопол. Досега, едниот дрон е уништен од противподморничките одбранбени сили за диверзија, другиот самиот експлодираше. Сè се случи на надворешното сидриште на Севастопол и ниту еден објект не е оштетен. Во моментов во градот е мирно, но сите сили и служби се во состојба на готовност, напиша Развожаев.

Поморскиот патнички сообраќај во Севастополскиот залив е прекинат, додека меѓу северниот и централниот дел на градот е организиран автобуски превоз.

Севастопол е главната поморска база на Црноморската флота и украинската армија се обиде да го нападне со беспилотни летала во неколку наврати во изминатите неколку месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе