Вести Свет

Азербејџан го блокираше Лачинскиот коридор и го отсече Нагорно-Карабах од Ерменија, САД стравуваат од ескалација

Азербејџанските власти вчера соопштија дека го поставиле првиот контролен пункт на влезот во коридорот Лачин, единствениот пат што ја поврзува Ерменија со спорниот регион Нагорно-Карабах. САД веднаш ја осудија ваквата одлука.

Денеска во 12 часот по локално време е поставен граничен пункт на територијата на Азербејџан, на влезот на патот Лачин-Ханкенди, соопштија вчера властите, додавајќи дека ова е одговор на слична одлука на ерменските власти.

Ваквата мерка е воведена „со цел да се спречи нелегален транспорт на работна сила, оружје и мини од територијата на Ерменија за нелегални формации на ерменски „бандити“ на територијата на Азербејџан“, се додава во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека воспоставувањето на контролниот пункт „ќе послужи за транспарентност на движењето и владеењето на правото“. За таа одлука биле информирани руските мировни сили распоредени во регионот.

Ерменија и Азербејџан се судрија во 2020 година за контрола на регионот Нагорно-Карабах. Конфликтот заврши со мировен договор со кој се призна победата на азербејџанските сили. Договорот е постигнат со помош на Русија.

Нагорно-Карабах, претежно ерменска територија, се отцепи од Азербејџан, што доведе до војна која однесе 30.000 животи во 1990-тите.

Американската влада вчера соопшти дека е „длабоко загрижена“ што Азербејџан воспоставил контролен пункт на единствениот пат кон спорниот регион Нагорно-Карабах, велејќи дека тоа им штети на мировните напори во областа.

САД се длабоко загрижени дека воспоставувањето контролен пункт од страна на Азербејџан на коридорот Лачин ќе им наштети на напорите за градење доверба во мировниот процес, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Во соопштението се повикува на слободно и отворено движење на луѓе и стоки во коридорот Лачин, а Стејт департментот бара конфликтните страни „да продолжат со мировните преговори и да се воздржат од провокации и непријателски дејствија долж границата“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе