Вести Свет

Петковиќ: Само 13 Срби гласаа на изборите на северот на Косово

На вонредните избори во четири општини на северот на Косово излегоа 1.566 Албанци и 13 Срби, изјави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

На прес-конференција тој рече оти тоа претставува „тотално фијаско“ на премиерот Албин Курти и на претседателката Вјоса Османи кои повикуваа на овие избори со намера да го окупираат северот“.

Петковиќ прецизира дека на северот на Косовска Митровица гласале две лица од српска националност, во Лепосавиќ – седум, во Звечан – четири и ниту една во Зубин Поток.

„Вистински победник е српскиот народ кој во целост ги бојкотираше изборите, бидејќи не сака окупација на северот. Ова е пораз за меѓународната заедница која го поддржа Курти. Сакам да ги видам претставниците на меѓународната заедница како ќе честитаат на оние кои гласаа во контејнери“, рече Петковиќ кој додаде дека на изборите излегле и 449 Албанци помалку отколку во 2021 година.

Но бојкотот на овие локални избори во северна Митровица му донесе победа на кандидатот на Самопределување, партијата на Албин Курти.

Кандидатот на „Самоопределување“ прогласи победа: Јас сум новиот градоначалник на Косовска Митровица

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе