Вести Свет

Детонации од артилериски проектили и дејства на авијацијата – во тек е евакуација на странски државјани од Судан

Западните земји забрзано ги евакуираат своите државјани и дипломатски мисии од Картум. Американската армија, користејќи хеликоптери, ја заврши операцијата за неполн час по разгорување на борбите меѓу војската на Судан и паравоената група „Сили за брза поддршка“. Во тек се мисии за извлекување на свои граѓани и дипломати и на Франција, Велика Британија, Кина, Холандија и други земји, меѓу кои и Србија.

Во Картум од утрово одекнуваат силни експлозии на артилериски проектили, а војската дејствува и со борбени авиони врз ривалските позиции. Борби се водат и околу претседателската палата во Судан, зградата на главниот штаб на суданската војска, но и околу меѓународниот аеродром кој е затворен.

Според дипломатски извори, суданските паравоени Сили за брза поддршка дале безбедносни гаранции за евакуација на странските државјани од Судан.

Обединетите нации и западните земји ги повикаа завојуваните страни да го почитуваат примирјето, што воглавно беше игнорирано. Но, и да отворат безбеден мост за цивилите и потребната помош. Сепак, со затворен аеродром и несигурен воздушен простор, илјадници странци, хуманитарни работници и студенти останаа заглавени во Картум.

Војната во Судан почна на 15 април поради спор меѓу началникот на националната армија Абдел Фатах ал-Бурхан и водачот на паравоените „Сили за брза поддршка, Мохамед Хамдан Дагло за доминација и превласт во земјата.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ на локалните избори нема да кандидира градоначалници во седум општини

Дејан Дејан

Главниот државен ревизор Ацевски вели дека 80 отсто од склучените договори за јавно приватно партнество се склучени на ниво на општини што укажува на недоследности

Дејан Дејан

Ацевски: Финансирани се 67 проекти на 41 општина без објективни критериуми

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе