Вести Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди – Временска прогноза за 11.4.2023

Променливо облачно со сончеви периоди. Во североисточните делови со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен и северозападен правец.

Во Скопје умерено oблачно и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 0 до 7°C, а максимумот од 11 до 18°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-1 Лазарополе, Маврови Анови, 0 Крушево, 2 Берово, Крива Паланка, Претор, 4 Прилеп, Битола, Охрид, Тетово, 5 Виница, 6 Струмица, Куманово, Штип, 7 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, 8 Демир Капија, Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

26 Пожаране, 16 Претор, 15 Тетово, 14 Маврови Анови, 13 Охрид, Крушево, 12 Скопје Зајчев Рид, 11 Скопје Петровец, 10 Битола, Виница, 9 Крива Паланка, 8 Тополчани, 7 Струмица, 6 Штип, Ѓуриште, Лазарополе, 5 Куманово, Гевгелија, Берово, 4 Прилеп, Демир Капија, 2 Дојран.

Висина на снежна покривка во 8 часот (во см)

24 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 2 Крушево.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе