Анализата на кинескиот научен тим за потеклото на Ковид-19 беше објавена, повеќе од три години по појавувањето на вирусот и избивањето на пандемиајта.
Фокусот на кинеската истрага беше пазарот за морска храна во Вухан, и ова е прва студија направена врз основа на биолошки материјал земен од пазарот во 2020 година.
Истражувањето открило дека во позитивните брисевите на Ковид-19, земени од површини во пазарот, бил пронајден и генетски материјал од диви животни, и затоа некои научници сметаат дека ова е уште еден доказ оти првично вирусот бил пренесен на човек од заразено животно.
Но, дел од научниците повикаа на внимателност во интерпретацијата на наодите од студијата и отворено прашуваат зошто биле потребни три години за да се објави.
Самите кинески научници во студијата потенцираат дека не успеале да стигнат до доказ за тоа како почнала пандемијата, и поради тоа останува можноста вирусот да бил пренесен на животните во пазарот од страна на инфициран човек.