Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја обвини администрацијата на неговиот претходник Доналд Трамп за хаотичното повлекување на американската армија од Авганистан во 2021 година, тврди Белата куќа во скратен извештај, претходно подготвен од Пентагон и Стејт департментот за американското повлекување од земјата. Извештајот на 12 страни објаснува како рацете на Бајден биле врзани од претходните одлуки на Трамп, вклучувајќи го и договорот за прекин на војната, постигнат со Талибанците во Катар во 2020 година.
Портпаролот на администрацијата за национална безбедност, Џон Кирби, го обвини Трамп за срамната операција за повлекување, велејќи дека постојаното намалување на бројот на војници за време на неговиот мандат, заедно со ослободувањето на илјадници талибански затвореници и одбивањето да се воведе програмата за визи за да се евакуираат авганистански цивили кои соработувале со ИСАФ.
Транзицијата на власта игра улога, тоа е првата лекција овде. А на новата администрација ѝ беше ускратена таа транзиција, рече Кирби во Вашингтон.
Но, поранешниот претседател, кој пред неколку денови стана првиот претседател против кој започна судски процес, не остана должен. Ги отфрли обвинувањата дека неговите одлуки го предивикале хаосот при повлекувањето, тврдејќи дека единствената причина за срамното повлекување од Авганистан е катастрофалната неспособност на администрацијата на Бајден.
Мороните во Белата куќа играат нова игра на дезинформации. Го обвинуваат Трамп за крајно неспособното предавање во Авганистан. Само Бајден е одговорен, напиша Трамп на социјалните медиуми.
Сепак, извештајот исто така признава дека владата требала порано да ја започне евакуацијата на цивилите, и дека таа грешка повеќе нема да ја повтори. 13 американски војници и речиси 200 авганистански цивили загинаа во два бомбашки напади врз аеродромот во Кабул, каде 120.000 Авганистанци се обидуваа да избегаат од Талибанците. Неколку денови подоцна американската армија изврши напад со беспилотно летало во Кабул, тврдејќи дека спречиле нов бомбашки напад, но подоцна мораше да признае дека во воздушниот напад загинале 10 цивили, од кои 7 деца.
Администрациајта на Бајден беше жестоко критикувана за тоа како се справи со целата операција на повлекување од Авганистан, во чиј тек Талибанците презедоа контраофанзива и успеаа за неколку недели да стигнат до Кабул. Кирби ја бранеше позицијата на Бајден, тврдејќи дека тој дејствувал според препораките на воената и разузнавачката заедница, но подоцна се покажало дека дел од нивните проценки биле погрешни.
Некои лекции мораа да бидат научени од начинот на кој заврши војната во Авганистан, особено поради неуспехот да се предвиди брзиот распад на афганистанската влада, рече Кирби.
Според него, токму тие лекции имале големо влијание врз американските политика за максимална поддршка на Украина уште пред почетокот на руската инвазија на земјата