На поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (86) му е дијагностицирана леукемија, изјави добро упатен извор за „Ројтерс“.
Берлускони од средата се наоѓа на одделението за интензивна нега во болницата „Сан Рафаел“ во Милано поради срцеви проблеми и проблеми со дишењето.
Берлускони со години има вградено пејсмејкер, во 2016 година беше подложен на операција за замена на залистоци на аортата и се излекува од рак на простата. Во 2019 година беше на операција поради блокада на желудникот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.