Вести Свет Топ вести

Сторми Даниелс го изгуби случајот за клевета- треба да му исплати на Трамп 121.000 долари за судски трошоци

Поранешната порно ѕвезда Сторми Даниелс, чие сведочење е основа на историското обвинение против Доналд Трамп во Њујорк, ќе мора да му плати на поранешниот претседател на САД повеќе од 121.000 долари за судски трошоци во сосема друг спор, одлучи судот во Калифорнија.

Сторми Даниелс, која тврди дека имала афера со Трамп во 2006 година, го изгуби случајот за клевета што го поднесе поради објавата на Твитер во 2018 година на поранешниот американски претседател.

Судијата на апелациониот суд во Калифорнија ја отфрли тужбата на Даниелс и пресуди во корист на Трамп, наложувајќи и да ги плати сите судски такси.

Трамп негираше дека имал афера со неа. Приватната тужба за клевета поднесена од Даниелс е целосно одвоена од обвинението против Трамп поднесено вчера.

Иако и двата случаи се однесуваат на Даниелс, обвинението во Њујорк се однесува на пари кои наводно тајно и биле исплатени на порно ѕвездата Сторми Даниелс непосредно пред изборите во 2016 година за да се преправа дека имала афера со него.

Неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен наводно му платил на Даниелс 13.000 долари.

Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, го тужеше Трамп откако тој го нарече нејзиното тврдење за афера „тотална измислица“.

Твитот на Трамп беше во врска со тврдењето на Даниелс дека непознат маж и се заканувал на паркинг да молчи за наводната афера со Трамп.

Случајот беше отфрлен откако судијата на Окружниот Апелационен суд на САД, Самуел Џејмс Отеро, рече дека изјавата на Трамп е заштитена со Првиот амандман, кој гарантира слобода на говорот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе