Најмалку четири деца загинаа откако маж со секира се искачи на ѕидот на градинка во Бразил во шокантен напад пред да и се предаде на полицијата.
Локалните медиуми јавуваат дека 25-годишниот маж пристигнал во предучилишна установа во Блуменау, во јужен Бразил, со мотор пред да тргне во застрашувачко дивеење кога ги нападнал децата кои биле во паркот зад училиштето.
Се наведува дека петтото дете е во тешка состојба, додека тројцата повредени се префрлени во болницата Санто Антонио.
Полицијата за локалните медиуми изјавила дека напаѓачот се предал и дека е во полиција.
Пожарникарите рекоа дека во моментот на нападот во градинката имало околу 40 деца.
Градските власти, кои прогласија тридневна жалост, најавија дека наставата во градинката ќе биде прекината и утре.
Не е прв пат градинка во државата да биде цел на напад. Во 2021 година, 18-годишен маж уби двајца вработени и три мали деца во јасли во општина Саудадес.
Претседателот на Бразил Луис Инасио Лула да Силва на Твитер напиша дека „нема поголема болка од онаа на семејство што ги губи своите деца или внуци, уште повеќе кога тоа е преку чин на насилство врз невини деца кои не можат да се одбранат“.
Градот има околу 360.000 жители и е популарна туристичка дестинација.
❗️Horror in Brazil as man murders toddlers with hatchet – local media
A man entered a daycare centre in the southern Brazilian city of Blumenau Wednesday morning and reportedly attacked and killed four children pic.twitter.com/euaqzEdYkE
— RT (@RT_com) April 5, 2023