Вести Свет Топ вести

Четири години затвор за федералниот премиер Фадил Новалиќ – судот во БиХ со првостепени пресуди за случајот „Респиратори“

Четири години затвор за премиерот на Федерацијата БиХ, Фадил Новалиќ, пет години за директорот на фирмата „Сребрена малина“, Фикрет Хоџи и шест години за суспендираниот директор на Федералната управа за цивилна заштита, Фахрудин Солак. Ова се казните во првостепената пресуда на судот на БиХ, откако тројцата беа прогласени за виновни за случајот „Респиратори“. За разлика од нив, федералната министерка за финансии, Јелка Миличевиќ е ослободена од обвинението за несовесна работа во службата.

„Обвинетите Фадил Новалиќ, Фахрудин Солак и Фикрет Хоџиќ се прогласени виновни, а правното лице „Сребрена малина“ е прогласена за одговорна дека со работите опишани во осудителниот дел е сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на положбата и овластувањата“ од член 383 од Кривичниот закон на Федерацијата БиХ, а обвинетиот Солак направил и кривично дело „фалсификување на службен документ“ од член 389 од истиот Закон“, се наведува во соопштението на судот на БиХ.

Аферата „Респиратори“ во БиХ ја открија новинари по доаѓањето на апаратите за кои подоцна се покажа дека се нефункционални за пациентите со коронавирус. Обвинението, сепак, не се однесуваше на исправноста на респираторите и последиците од нивно користење, туку беше фокусирано на финансиски малверзации и злоупотреби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД се приклучи на израелската војна против Иран – нападнати трите клучни нуклеарни инсталации

Дејан Дејан

Колона возила над три километри на граничниот премин Богородица

Дејан Дејан

Мицкоски: Без додавки во извештајот за земјата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе