Вести Свет Топ вести

Столтенберг: Финска утре ќе стане 31 членка на НАТО

Финска во вторник ќе стане 31 полноправна членка на НАТО и нејзиното знаме ќе биде подигнато пред седиштето на алијансата во Брисел, изјави генералниот секретар на меѓународната воена организација, Јенс Столтенберг.

Тој нагласи дека членството во НАТО ќе ја направи Финска посигурна, а Алијансата посилна. Столтенберг притоа изрази желба и Шведска што поскоро да го заврши процесот на членство.

Процесот на ратификација на финското членство во НАТО заврши на 30 март со одобрувањето во турскиот парламент за пристапување на скандинавската земја во Алијансата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Катар: Иранскиот напад врз американската база мина без жртви и повредени

Дејан Дејан

(Видео) Иран ја нападна Ал-Удеид во Катар, најголемата воена база на САД на Блискиот Исток

Дејан Дејан

„Скај њуз“: Се слушаат експлозии над Доха, главниот град на Катар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе