По петти пати изминативе две години Бугарите гласаат на предвремени парламентарни избори, кои овој пат покрај стандардните проблеми, политичката нестабилност и несигурната економска состојба, сега се обременети и со војната во Украина.
Предизборните анкети, и овој пат предвидуваат тесна трка и нејасен победник, што во голема мерка го припишуваат на замореноста на гласачите од постојаните избори и немањето вистинска вољја кај ниту една политичка партија да се справи со корупцијата во земјата.
Скептичен сум за иднината на Бугарија, барем блиската иднина. Затоа што го гледате хаосот, тоа е законот на физиката, ентропијата, хаосот непрекинато расте. Истото се случува во Бугарија, изјави пензионерот Иван Порталски.
Проекциите се повторно влегување во парламентот на истите партии, и најверојатно со истиот распоред на силите. Главните кандидати секако се коалициите ГЕРБ-СДС и „Промените продолжуваат“ со „Демократска Бугарија“.
Лидерите и на двете коалиции се поранешни премиери, а за Бојко Борисов од ГЕРБ, излезот од кризата може да се најде само преку мудроста на политичарите .
Ова е единствениот излез од кризата. Покрај оваа ужасна војна во Украина, покрај целото ова прераспроедувње на светот, на синџирите на снабдување, ние многу јасно треба да застанеме покрај демократскиот свет, рече борисов.
Неговиот главен опонент, Кирил Петков, порача дека иднината на Бугарија зависи од секој нејзин граѓанин.
Гласав за нормален европски живот, за да имаме нормална европска влада, нормални европски патишта, нормално европско здравство, нормално европско образование. Всушност гласав затоа што сфатив дека нема да се појави спасител, и зависи од секој еден од нас, изјави Петков.
Покрај нив сигурни места има и за турското „Движењето за права и слободи“, националистичката „Преродба“ на Костадин Костадинов и за бугарските социјалисти. Теоретски шанси за влез во новиот парламентарен состав имаат уште „Бугарски подем“ и „Левица!“.
Игор Трајков