Вести Свет Топ вести

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години

Во Бугарија денеска се одржуваат петите вонредни парламентарни избори за помалку од две години.

Последните истражувања на јавното мнение кај источниот сосед покажуваат дека на денешните избори нема да има јасен победник .

И овој пат се очекува да има слаб одзив на гласачите, бидејќи анкетите покажуваат излезеност од само 39 отсто, а 13 отсто се уште да се двоумат дали да излезат, оставајќи конечната одлука да ја донесат на самиот ден на гласањето.

Предводивањата се дека по денешното изјаснувањ ена граѓаните во новиот парламент ќе влезат  пет партии и коалиции – ГЕРБ-СДС, „Промените продолжуваат и Демократска Бугарија“, Движењето за права и слободи (ДПС) „Преродба“ и Бугарската социјалистичка партија (БСП).

„Бугарски подем“ и „Левица!“ имаат теоретски шанси да ја прескокнат бариерата од четири проценти, но гласањето во голема мерка ќе зависи од нивната способност да ги убедат своите гласачи да отидат до гласачките места.

Од друга страна,бугарските избирачи, заморени од честите гласања, се надеваат дека новоизбраниот парламент ќе формира стабилна влада која ќе почне да ги решава наталожените проблеми во земјата, инфлацијата, безбедноста, реформите во важните сектори како правосудството, здравството итн, јавува бугарското радио.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Она што Израел го демонстрира не се однесува на останатите земји во регионот, туку се фокусирани на Иран

Дејан Дејан

Арсовски: Русија во моментот не може самата себе да си помогне, а не да му помогне на Иран

Дејан Дејан

Петровска: Со ударите во Иран, САД испратија пораки и кон сојузниците и кон ривалите и поддржувачите на Техеран, нападите можеа да се насетат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе