Во пукањето утрово кај Млечен ретосран во скопски Капиштец има една жртва. Во полиција е пријавено дека во казиното „Вин Вин“ едно лице пукало во Н.А. (46) од село Арачиново со кого претходно играле на апаратите во казиното, по што Н.А. им подлегнал на повредите.
Од Министерството за внатрешни работи најавени се детали за пукањето од кое граѓаните се вознемирени утрово.
Полициски екипи се веќе на терен и се работи на откривање на детали што точно се случило.
Телма открива повеќе детали од полициски извори.